ЌЕРКАТА НА КИМ ЈОНГ УН ЗНАЕ ШТО ЌЕ БИДЕ КОГА ЌЕ ПОРАСНЕ Лидерот на Северна Кореја ја зацврсти позицијата на Ким Ју-е
Ју-е останала во зградата на амбасадата на Северна Кореја во Кина и не се појавувала во јавност, но фактот што била со својот татко на ова патување е „доволно за да биде наречена“ наследник на водачот на режимот, изјавил членот на комисијата за разузнавање при јужнокорејскиот парламент, И Сон-гујон.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, го зацврстил статусот на својата ќерка Ким Ју-е како наследник на највисоката функција во земјата, изјавија функционери од Јужна Кореја, повикувајќи се на јужнокорејското разузнавање.
Тоа се случило при посетата на севернокорејскиот лидер на Кина за воената парада во Пекинг по повод 80-годишнината од победата над Јапонија во Втората светска војна. Тогаш Ким Јонг-ун беше придружуван од својата ќерка.
Ју-е останала во зградата на амбасадата на Северна Кореја во Кина и не се појавувала во јавност, но фактот што била со својот татко на ова патување е „доволно за да биде наречена“ наследник на водачот на режимот, изјавил членот на комисијата за разузнавање при јужнокорејскиот парламент, И Сон-гујон.
– Сè укажува на тоа дека статусот на Ким Ју-е како веројатен наследник на функцијата на својот татко е зацврстен, при што ѝ се дава можност да стекнува меѓународно искуство, но без да се појавува јавно – забележа друг претставник од разузнавачката комисија, Пак Сон-уон.
Освен тоа, севернокорејски претставници биле забележани како ги отстрануваат сите траги по посетата на Ким и неговата ќерка на Кина, со цел никаде да не остане ДНК од двајцата. Во отстранувањето влегувало и носење на сметот од нивните соби со специјален авион, стои во извештајот на јужнокорејското разузнавање, претставен пред пратениците.