ЕМПАТИЈАТА ВО ДАНСКА СЕ УЧИ ПОВЕЌЕ ОД 30 ГОДИНИ Задолжителен предмет во данските училишта

Дали толеранцијата, почитувањето, разбирањето, сочувството и подготвеноста за помош, утеха или прегратка навистина можат да се учат во училиште? Данска покажува дека тоа е можно. Оваа земја има една од најниските стапки на врсничко насилство во училиштата

113

Еднаш неделно, децата на возраст од 6 до 16 години имаат задолжителен дел од школскиот курикулум – учат за емпатијата. Оваа практика се одржува од 1993 година и е на исто ниво со предметите како математика и физика.

Учењето за емпатијата го менува мозокот






Во Данска, љубезноста не се смета за вродена особина, туку за нешто што се учи и развива. Научниците апсолутно го одобруваат ова – емпатијата го менува мозокот, а нејзиното користење во секојдневниот живот значи јакнење на медијалниот префронтален кортекс. Тоа подрачје е заслужно за „влегување во туѓите чевли“, т.е. способноста за согледување на туѓата перспектива, како и за јакнење на саморегулацијата.

Поголемиот дел од работата во данските училишта се одвива во групи и со текот на годините, соработката станува нешто што им доаѓа природно на децата. Другите не се сметаат за закана и конкуренција, туку за сојузници.

Значи, сосема спротивно од она на што ние ги учиме нашите деца постојано споредувајќи ги со другите и терајќи ги да бидат први и најдобри во сѐ.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини