АИ КОЈА РАБОТИ КАКО МОЗОК ГИ НАДМИНА КОНКУРЕНТИТЕ Моделот размислува бавно, но има брза интуиција
И покрај неговата едноставност, се вели, моделот кој го развиваат истражувачи од Сингапур „се покажува како супериорен“ во однос на многу поголемите модели. Овој модел има „2 мозоци“, комбинира бавно, стратешко размислување со брза, интуитивна логика, исто како човечкиот мозок.
Нова вештачка интелигенција која функционира како човековиот мозок њуспеала да ги надмине гигантите како „ГПТ“ (GPT) и „Клауд“ (Claude) во сложени задачи за расудување.
Се работи за тн. „Хиерархиски модел на расудување“ („ХРМ“ – ‘Hierarchical Reasoning Model’), инспириран од начинот на којшто мозокот ги обработува информациите.
Имено, додека денешните модели „ГПТ-4“, „ГПТ-4о“, „Клод 3“, „Џемини“, „ЛЛаМА 3“ или „Дипсик Р-1“ зависат од огромни количини на податоци и милиони примери за учење, „ХРМ“ е изграден со само 27 милиони параметри и обучен на 1.000 примери, и без никаква претходна подготовка.
И покрај неговата едноставност, се вели, моделот кој го развиваат истражувачи од Сингапур „се покажува како супериорен“ во однос на многу поголемите модели.
Фактот дека зад проектот стои сериозен тим го потврдува и тоа дека поранешни истражувачи од „Гугл дипмајнд“, „Дипсик“, „Антропик“ и „ХАИ“ – работеле на новиот потфат, заедно со други научници од престижни универзитети, објави хрватски „Индекс“.
Не пресметува само веројатност како другите
Резултатите, според научниот труд објавен на платформата „Архив“, се исклучително импресивни. На тестот АРЦ-АГИ, еден од најсложените индикатори за индуктивна интелигенција, „ХРМ“ постигнал точност од 40,3 отсто, додека „ГПТ-4“ и „Клауд 3,5“ не надминаа 21 насто.
Основачот и извршен директор на новата компанија, Гуан Ванг објасни дека „идејата е да се почне од мозокот“, како природен модел.
It’s called the Hierarchical Reasoning Model.
HRM = 2 minds in sync
High-level → slow, strategic reasoning
Low-level → fast, detailed executionIt solves problems in one forward pass (no chain-of-thought needed).
Instead of guessing every step like CoT, HRM learns to reason… pic.twitter.com/jHextXK6o3
— EyeingAI (@EyeingAI) August 1, 2025
– Денешните модели го користат тн. синџир на мисли, што всушност е трик заснован на веројатности. Почнавме од нула, инспирирани од мозокот, бидејќи природата го усовршува својот дизајн милијарди години. Нашиот модел размислува и заклучува како човек, наместо само да пресметува веројатности. Веруваме дека ова ќе ја достигне, а потоа и ќе ја надмине човечката интелигенција – нагласува Ванг.
Бавно размислува и се потпира на интуиција, исто како човек
„ХРМ“ е дизајниран да имитира два клучни мозочни центри: префронталниот кортекс, којшто е поврзан со апстрактното размислување, планирањето и контролата на импулсите, и базалните ганглии, одговорни за брзи, автоматски реакции и повторувачко донесување одлуки. На овој начин, овој модел комбинира бавно, стратешко размислување со брза, интуитивна логика – исто како човечкиот мозок.
Предноста на „ХРМ“ е особено евидентна во областите каде што податоците се ограничени, а точноста е клучна. Неговите креатори велат дека новиот модел би можел да се примени во здравството – во дијагностицирањето на ретки болести, каде што нема милиони примери, туку само мал број клинички случаи.
Не бара многу струја, може да се користи за роботи
Во климатологијата, „ХРМ“, се вели, постигнал точност од дури 97 насто во сезонските прогнози. Благодарение на фактот дека бара мала количина компјутерски ресурси, моделот би можел да се користи и во роботиката, во реално време и во динамични, непредвидливи средини. Останува прашањето дали овој систем е првиот вистински чекор кон општа вештачка генеративна интелигенција (ВГИ) или е само една од фазите во истражувањето.
Сепак, едно е јасно: Природата е одличен инженер, а моделите засновани на нејзините принципи може да бидат најреалниот пат до машини коишто не само што ќе ја имитираат човековата интелигенција, туку можеби дури и ќе ја надминат, сметаат познавачи.