НАЈСКАПАТА ЛУТА ПИПЕРКА ВО СВЕТОТ СЕ ПРОИЗВЕДУВА ВО ШУМАДИЈА! Цената за килограм достигнува вртоглави 25.000 долари!
Семејството Ташовиќ кое одгледува над 20 видови лути пиперки на својата фарма во едно шумадиско село, направило профитабилен бизнис одгледувајќи ја и најлутата и најскапата лута пиперка на светот чија цена за килограм достигнува 25 илјади долари.
Душан Ташовиќ од Крагуевац веќе десет години ги произведува најлутите пиперки во светот на фармата на неговата баба по мајка. Во селото Рашковиќ во близина на Книќ, тој успеал да одгледува повеќе од 20 различни видови преку трпелива работа. Некои пиперки се вистински огномет во устата, а некои вредат мало богатство.
Душан одгледува и вид кој чини дури 25.000 долари по килограм.
– На фармата има над 20 различни сорти. Од благи, средни и екстремно лути пиперки. Најлутата е Каролина Рипер според Гинис – вели Ташовиќ за српска телевизија.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.