ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ СО МОБИЛЕН НАД ШОЛЈАТА ЗНАЧИ РИЗИК ОД ХЕМОРОИДИ Проблем е седењето, не напрегањето, велат научниците

Истражувачите појаснија дека токму подолгото седење, а не напрегањето, е најголемиот ризик-фактор за појава на хемороиди. Во студијата се препорачува и времето во тоалет да се ограничи на 5 до 10 минути.

212

Користење мобилен телефон кога одат во тоалет може значително да го зголеми ризикот од хемороиди,  јави хрватски Индекс.

Новото американско истражување објавено во списанието PLOS One покажа дека таквата навика го продолжува времето на седење, а со тоа и притисокот во аналната зона, зголемувајќи го ризикот од хемороиди за дури 46 %.






Дури 66 % од учесниците признале дека користат мобилен кога одат во тоалет, а 37 % од нив поминувале повеќе од 5 минути таму, во споредба со само 7 % од оние кои не користат телефон.

– Неверојатно е лесно да се изгуби поимот за време додека гледаш на мобилен, апликациите се дизајнирани за тоа – изјави гастроентерологот д-р Триша Пасрича за „Вашингтон Пост“.

Анкетата на 125 лица ја спровел тим лекари и научници од различни институции, вклучувајќи го Медицинскиот центар „Бет Израел Диконес“ (BIDMC) при Медицинскиот факултет Харвард и клиниката „Кливленд“ во САД.

Истражувачите појаснија дека токму подолгото седење, а не напрегањето, е најголемиот ризик-фактор за појава на хемороиди.

„Се советува мобилниот да се остава надвор од тоалет, а времето поминато внатре да се скрати на 5 до 10 минути“, напишаа експертите во заклучокот на студијата.

Дополнително, тие препорачуваат исхрана богата со растителни влакна, многу вода, физичка активност и користење ниско столче за подобра поставеност при празнење на цревата.

Поврзани содржини