ЧЕКАА 14 ЧАСОВИ ГЛАДНИ НА ПАТ, ВРАЌАЊЕТО ОД ИСТАНБУЛ СТАНА ГОЛГОТА 50 туристи од Македонија бараат одговорност од агенција
Според написот, автобусот тргнал од Истанбул кон Македонија, но се расипал уште во Турција. Патниците првин чекале 5 часа на сервис, без помош. Механичарите предупредиле дека автобусот е небезбеден, но сопственикот Армин Ганиќ, според сведоштва, ги натерал луѓето да продолжат со возилото кое протекувало и имало расипан мотор.
Заглавени на студено, гладни и нервозни, 50 туристи од Македонија, меѓу нив бебиња и старци, повеќе од 14 часа биле оставени на автопат во Грција враќајки се од Истанбул. Скопје Инфо напиша за случајот повикувајќи се на изјави од патниците. Веста ја пренесоа и други медиуми.
Според написот, автобусот вчера, 8 септември, тргнал од Истанбул кон Македонија, но се расипал уште во Турција. Патниците првин чекале 5 часа на сервис, без помош. Механичарите предупредиле дека автобусот е небезбеден, но сопственикот Армин Ганиќ, според сведоштва, ги натерал луѓето да продолжат со возилото кое протекувало и имало расипан мотор.
– Децата врескаа, бебињата плачеа, старците не можеа да се движат. Ганиќ ни се закануваше дека ако пријавиме, ќе нè остави и нема да можеме да се вратиме дома – изјави патник кој сака да остане неименуван.
По влегувањето во Грција, моторот целосно откажал, а автобусот застанал на автопат. Патниците немаат пристап до храна, вода, тоалет, ниту засолниште.
– На секои 10 километри шоферот застануваше да го излади моторот. По границата, автобусот се расипа засекогаш. Сега седиме овде на студено, децата веќе се болни, едно бебе повраќа од вчера, старите паѓаат од немоќ – рече друг патник.
Патниците бараат итно да се реши ситуацијата и да се преземат мерки против туристиката агенција која го организирала патувањето.
А1он пишува дека „ароганцијата на сопственикот на туристичката агенција кој им спуштил телефон создаде дополнителен револт кај патниците кои не се чувствуваат безбедни и се молат здрави и живи да стигнат во земјава“.