🎥 ТЕНЗИЧНО НА ПРОТЕСТИТЕ ВО НОВИ САД Полицијата ги разби демонстрантите, бркотници по улиците
На првиот училишен ден денеска во Србија средношколците излегоа на улиците за да одбележат 10 месеци од трагедијата на железничката станица во Нови Сад. Ним им се придружија родители, наставници, студентите во блокада и други граѓани.
Полицијата вечерва ги разби демонстрантите во Нови Сад, што предизвика тензии во градот и бркотници по улиците. Според очевидците, полицијата употребила и солзавец.
На првиот училишен ден денеска во Србија средношколците излегоа на улиците за да одбележат 10 месеци од трагедијата на железничката станица во Нови Сад. Ним им се придружија родители, наставници, студентите во блокада и други граѓани.
Студентите на Медицинскиот факултет во Нови Сад објавија дека кампусот е окупиран, односно дека е опкружен со полициски кордони од сите страни. Ситуацијата беше напната и затоа што голем број полицајци пристигнаа пред Факултетот за кинезиологија. Оттаму, полицајците ги потиснаа студентите кон кампусот.
Ијладници граѓани вечерва се собраа и во Белград во сеќавање на 16-те жртви од падот на настрешницата во Нови Сад.
За потсетување, 16 лица беа убиени, а едно беше тешко повредено при падот на настрешницата. Сè уште не се поднесени обвиненија против одговорните за несреќата, а повеќето од уапсените се пуштени да се бранат од слобода. Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, неодамна изјави дека падот на настрешницата бил „планирано одвлекување на вниманието“ и дека таа била срушена „како почеток на обоена револуција“.
Според официјалните полициски податоци, од ноември минатата година во Србија се одржани околу 23.000 протести, со кои се бара одговорност за смртта на 16 лица.
22.20h bez razloga policija napala građane kod DiFa pic.twitter.com/I4LtF6AW8Q
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) September 1, 2025