ФЕДЕРЕР И ЛОПЕЗ, ДРЖЕТЕ СЕ! Ѓоковиќ руши рекорди на секој натпревар

Со 75 грен-слема без пораз во првото коло, 80 победи на „Артур Еш“ и 80-ти грен-слем настап, Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја зацврсти својата позиција како најголем во историјата на тенисот.

3,254

 

Ако постои нешто што најдобро ја опишува големината на Новак Ѓоковиќ, тоа е фактот дека речиси во секој негов меч паѓа по некој нов рекорд.






Не се сите подеднакво важни, но секој е дел од сложувалката која го потврдува статусот на најдобриот тенисер на сите времиња.

75 грен-слема без пораз во првото коло

Триумфот над Лернер Тијен во првото коло на УС Опен му донесе нова етапа во историјата – дури 75 последователни грен-слем турнири на кои Новак не е елиминиран уште на самиот старт.

Последен пат тоа му се случило во далечната 2006 година во Мелбурн, кога беше поразен од Американецот Пол Голдштајн.

Уште порано, на неговото деби на Австралија Опен 2005, загуби од Марат Сафин. Кој тогаш би помислил дека младиот тенисер, кој ги загуби првите два грен-слем меча, подоцна ќе стане рекордер во бројот на освоени титули на истиот турнир?

80 победи на „Артур Еш“

Со овој триумф Ѓоковиќ стигна и до уште еден јубилеј – 80. победа на „Артур Еш“ стадионот, најголемиот тениски стадион во светот и централното место на УС Опен.

Ниту еден тенисер во историјата нема остварено толку триумфи на овој терен.

Кон уште еден голем рекорд

Мечот против Тијен беше и негов 80-ти настап на грен-слем турнир. Со тоа Новак се доближи на само еден чекор од апсолутниот рекорд, кој моментално го делат Роџер Федерер и Фелисијано Лопез со по 81 настап.

За Ѓоковиќ, кој кариерата ја изгради врз постојано докажување и врвни резултати, достигнувањето и на овој рекорд би имало посебно значење.

Иако самото учество на грен-слем турнирите не се смета за врвно спортско достигнување, фактот дека тоа може да го оствари играч со 24 освоени титули го прави единствен.

Поглед кон иднината

Ако го задржи континуитетот, Ѓоковиќ веќе на Австралија Опен 2026 може да се израмни со Федерер и Лопез, а на Ролан Гарос да ги престигне.

Секако, Новак не игра само за учество – неговата најголема цел останува рекордната 25-та грен-слем титула, можеби веќе во Њујорк.

Поврзани содржини