НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА ПОЧНА ДА ШЕТА СО ОРУЖЈЕ НИЗ ВАШИНГТОН Тие ќе користат сила само како последно средство

Во главниот град на САД се распоредени повеќе од 2.200 војници, откако Трамп прогласи вонредна состојба поради зголемување на криминалот во округот.

1,255

Војниците на Националната гарда на САД кои патролираат по улиците на Вашингтон како дел од операцијата против криминалот што ја започна претседателот Доналд Трамп, почнаа да носат оружје, соопштија официјални лица.

„Почнувајќи од недела навечер, 24 август 2025 година, војниците на Заедничката работна група Вашингтон почнаа да го носат своето службено оружје“, се вели во соопштението на американската војска.






Тие ќе носат пиштоли М17 или пушки М4.

Војниците се овластени да користат сила само „како последно средство и само како одговор на непосредна закана од смрт или сериозна телесна повреда“, се наведува во текстот.

Во главниот град на САД се распоредени повеќе од 2.200 војници, откако Трамп прогласи вонредна состојба поради зголемување на криминалот во округот. Трамп изјави главниот град на САД е „преплавен со банди“ и затоа војската е неопходна.

Резервистите на Националната гарда можат да бидат распоредени само во случај на национална вонредна состојба, како што е природна катастрофа, на барање на федералната влада и со одобрение од локалниот гувернер.

Поврзани содржини