ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КУМАНОВО Изгореле камиони, автомобили, комбиња и минибуси во сопственост на неколку приватни фирми
Повеќе возила меѓу кои автомобили, камиони, комбиња и минибуси во сопственост на неколку приватни фирми биле опожарени синоќа во Куманово во пожар што настанал на сува трева на улица „Народна Револуција“, по што бил зафатен и плац на кој тие претходно биле паркирани, информираат од МВР.
Во пожарот нема повредени и е предизвикана само материјална штета.
„Вчера во 23.51 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул. Народна Револуција во Куманово настанал пожар на сува трева, по што бил зафатен и плац, сопственост на Б.Р., каде што биле опожарени патничко возило „Форд мондео“, патничко возило „Сеат кордоба“, автобус „Санос“, мини бус „Ивеко“, товарно возило „Застава“, автобус „ТАМ“, товарно возило „Пежо“ и приколка за возило, сите сопственост на неколку приватни фирми, а кои претходно биле паркирани на плацот“, се вели во соопштение од МВР.
Од екипа на Територијалната противпожарна едница Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.