СЕ ОМАЖИ ЗА СВОЈОТ ПОЛУБРАТ, А ИМААТ И БЕБЕ Контроверзниот пар го откри полот на своето дете

Австралиската глумица Скарлет Вас и нејзиниот сопруг добиле бебе во декември минатата година, а сега открија дека е девојче. Сепак, нека не ве загрижуваат многу изразите полубрат и полусестра, бидејќи станува збор за пар кој не е во никакво крвно сродство

1,651

Австралиската актерка Скарлет Вас (30), позната по улогата на Мишти Шарма во популарната сапуница „Neighbours“, ја изненади јавноста објавувајќи дека очекува дете со својот сопруг Тај Ричи (28), кој е и нејзин полубрат.

Таа ја сподели оваа вест кон средината на септември 2024 година на својот Инстаграм профил, со заеднички фотографии со Ричи на кои се гледа нејзиниот труднички стомак. Бебето е родено во декември истата година, а се откри дека е девојче. Нивната љубовна приказна започнала во Мелбурн, каде што се запознале како тинејџери, пред нивните родители да почнат да се забавуваат.
Откако нивните родители се венчале, Скарлет и Тај официјално станале полубрат и полусестра, но тоа не го спречило развојот на нивните романтични чувства. Двојката ја чувала својата врска во тајност долго време, за во 2021 година да добијат големо внимание на социјалните мрежи со видеото придружено со текстот: „Се вљубив во најдобриот пријател на моето момче… кој случајно ми е полубрат“.






Иако на почетокот изгледаше како хумористичен скеч, подоцна потврдија дека нивната романса е вистинска и дека трае со години. И покрај контроверзноста, двојката се венча во септември 2023 година на грчкиот остров Миконос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scarlet Vas (@scarletvas)

Во септември 2024 година, тие ја објавија добрата вест дека очекуваат девојче, кое го нарекоа свое „божиќно чудо“. Нивната врска и бременоста предизвикаа мешани реакции на социјалните мрежи. Додека некои ги поддржуваат и им честитаат, други ја сметаат нивната врска за „неприродна“ и „погрешна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @tayoricci

Скарлет се здоби со слава во 2017 година со улогата на полицајка во серијата „Neighbours“, по што се пресели во САД каде што продолжи да ја гради својата кариера. Заедно со Тај, кој е музичар и ѕвезда на „ТикТок“, таа изгради значајно присуство на социјалните мрежи.

Поврзани содржини