НЕВООБИЧАЕН СИМПТОМ НА РАК ШТО МНОГУМИНА ГО ИГНОРИРААТ Понекогаш канцерот кај жените се манифестира преку мали, лесно занемарливи промени во телото
Ракот сега е втора водечка причина за смрт во светот. Само во 2018 година, одземал околу девет милиони животи. Кај мажите, најчести видови на рак се рак на белите дробови, простатата, дебелото црево, желудникот и црниот дроб, додека кај жените, ракот на дојка, дебелото црево, белите дробови, грлото на матката и тироидната жлезда.
Податоците од извештајот GLOBOCAN 2022, објавен од Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), покажуваат поразителни бројки: приближно едно од пет лица ќе развие рак во текот на животот, а еден од девет мажи и една од 12 жени за жал ќе ја изгубат битката со болеста.
Проблемот кај жените е што раните симптоми на рак честопати не се препознаваат навреме. Тие може да не бидат болни или очигледни и честопати се припишуваат на секојдневни проблеми. Токму затоа дијагнозата и третманот често се одложуваат.
Д-р Ц.Н. Патил, главен лекар и консултант по медицинска онкологија и хематологија во болница во Бенгалуру, предупредува дека жените треба да бидат внимателни дури и на најмала промена во нивното тело, особено ако таа трае подолго време.
Ова се предупредувачките знаци
Според д-р Патил, понекогаш ракот кај жените се манифестира преку мали, необични промени во телото кои лесно се занемаруваат. Некои од предупредувачките знаци вклучуваат: ненадејно губење на тежината, постојан замор, промени во апетитот, необично крварење (на пр. дамчесто крварење помеѓу менструациите), многу обилни менструации, крварење по менопауза, надуеност, карлична болка, грутка во градите или пазувите, промени на кожата на градите, постојана кашлица, тешкотии при голтање, промени во навиките за тоалет (на пр. често мокрење) и крв во урината или столицата.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.