ВО ПАКИСТАН СЕ ПОЈАВИ ТЕЛО НА ЧОВЕК KOJ ИСЧЕЗНАЛ ПРЕД 28 ГОДИНИ Под стопениот мраз најдени и облеката и неговата лична карта

Семејството на Насирудин со десетлетија го барало исчезнатиот, но - без успех. Сега, совршено зачувано и недопрено 28 години во мразот, на неговото мртво тело сè уште била облеката, и негова лична карта.

707

Во областа Кохистан, во Пакистан, овчар неодамна го открил телото на Насирудин, 31-годишен маж кој исчезнал во 1997 година за време на своето последно патување низ долината Супат, објави порталот „Фосбајтс“ (Fossbytes).

Неговото семејство со десетлетија го барало исчезнатиот, но, без успех. Сега, совршено зачувано и недопрено 28 години во мразот, на неговото мртво тело сè уште била облеката, и негова лична карта.






Научниците велат дека топењето на глечерите во Пакистан, предизвикано од климатските промени, открива и други, долго скриени останки и артефакти.

Наодот потсетува на други познати заледени откритија како што е Еци – „Ледениот човек“. И двата случаи се потсетник и за безбројните сè уште неоткриени човекови трагедии, но и за загрижувачки забрзаното повлекување на вечниот мраз ширум светот.

Поврзани содржини