СКРИЕНАТА ОПАСНОСТ ОД ЧИА СЕМЕТО Може да се заглави во хранопроводот

Healthline препорачува семето да се потопува во вода, млеко или сок најмалку 10-15 минути, а идеално и преку ноќ. Ова ќе помогне да се спречи опасно лепење што може да доведе до задушување или затнување.

298

Чиа семето е богато со хранливи материи, вклучувајќи омега-3 масни киселини и влакна, но сепак треба да бидете внимателни со неговата консумација.

Веројатно сите сме пробале поздрави опции за храна во одреден момент, а терминот „суперхрана“ сè повеќе го користат фитнес инфлуенсерите на социјалните мрежи.






Сепак, една суперхрана што се споменува одново и одново сега доаѓа со предупредување, иако често се промовира како нутритивен „суперхерој“, пишува LADbible.

Како што расте популарноста на оваа здрава супер храна, една докторка предупредила за можната непријатна нус појава.

Подготовката на чиа семето е клучна, а за тоа можете да прочитате повеќе на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини