„ОКОНЧАВ 6 ВОЈНИ ЗА 6 МЕСЕЦИ, ГИ СОПИРАМ, НЕ ГИ РАЗГОРУВАМ КОНФЛИКТИТЕ“ Трамп е уверен дека ќе ја сопре војната во Украина

Точно знам што правам. Окончав 6 војни за 6 месеци, од кои едната беше потенцијална нуклеарна катастрофа, а сепак морам да читам и да слушам многумина кои навистина немаат поим, велејќи ми дека сè што правам е погрешно во врска со хаосот меѓу Русија и Украина, напиша американскиот претседател на мрежата Truth Social.

296

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека окончал шест војни за шест месеци, но дека мора да слуша многу луѓе кои му велат дека го прави тоа погрешно.

„Точно знам што правам. Окончав 6 војни за 6 месеци, од кои едната беше потенцијална нуклеарна катастрофа, а сепак морам да читам и да слушам „Волстрит џурнал“ и многу други кои навистина немаат поим, велејќи ми дека сè што правам е погрешно во врска со хаосот меѓу Русија и Украина, што е војна на заспаниот Џо Бајден, а не моја“, напиша тој на мрежата Truth Social.






Како што рече, тој е тука само за да ги запре конфликтите, а не да ги продлабочи.

„Тоа никогаш не би се случило ако бев претседател. Точно знам што правам и не ми требаат совети од луѓе кои со години работат на сите овие конфликти и никогаш не биле во можност да ги спречат“, нагласи Трамп.

Како што изјави, тие се глупави луѓе, без здрав разум, интелигенција или разбирање и само го отежнуваат решавањето на сегашната катастрофа меѓу Русија и Украина.

„И покрај сите мои површни и многу завидливи критичари, ќе го поправам тоа – секогаш го правам тоа“, напиша американскиот претседател.

Поврзани содржини