ПРВА ПАЛЕСТИНКА НА МИС УНИВЕРЗУМ По 74 години, Палестинците ќе се приклучат на изборот за најубава девојка на светот 

Моделот Надин Ајуб ќе ја претставува земјата на 74-от избор за Мис Универзум, кој ќе се одржи во Пак Крет, Тајланд во ноември.

352

За првпат по 74 години, Палестинците ќе се приклучат на изборот за Мис Универзум со своја претставничка. Станува збор за моделот Надин Ајуб  која сподели емотивна порака на Инстаграм, нагласувајќи ја важноста на моментот:

– Чест ми е да објавам дека Палестина ќе биде претставена на Мис Универзум за првпат. Јас стапувам на сцената на Мис Универзум не само со титула, туку и со вистината.






Додека Палестина минува низ срцепарателна криза, особено во Газа, јас го носам гласот на народот кој одбива да биде замолчен. Јас ја претставувам секоја палестинска жена и дете чија сила светот треба да ја види. Ние сме повеќе од нашето страдање – ние сме отпорност, надеж и срце на татковината што живее преку нас“, додала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadeen Ayoub (@nadeen.m.ayoub)

Која е Надин Ајуб?

Ајуб, 27, е фитнес тренер и консултант за исхрана која моментално живее во Дубаи, пишува Arab News. Таа веќе постигнала значајни успеси во светот на изборите за убавина: во 2022 година, таа ја освои лентата „Miss Earth Water“ на изборот за убавина „Miss Earth“ во Манила, а беше и првата жена што ја претставуваше Палестина на тој натпревар. „Miss Earth“ е еден од четирите најголеми избори за убавина во светот, заедно со „Miss World“, „Miss Universe“ и „Miss International“.

Истата година, таа била крунисана и за „Мис Палестина“, а покрај светот на модата и убавината, таа е активна и во областа на образованието. Ја основала Olive Green Academy, училиште за креирање содржини што комбинира одржливост со вештачка интелигенција, со што сакала да понуди иновативен пристап кон образованието и дигиталната креативност.

Зошто Палестина претходно не учествуваше на изборот?

Палестина никогаш претходно не се натпреварувала на изборот за убавина „Мис Универзум“, првенствено затоа што не постоела национална организација што би ја купила потребната франшиза и би овозможила официјално учество на натпреварот. Покрај оваа административна причина, важна улога одиграла и самата политичка ситуација во Палестина.

Надин Ајуб, која се натпреварувала на Miss Earth во 2022 година, станувајќи првата Палестинка што се натпреварувала на голем меѓународен избор за убавина, објаснила дека во тоа време планирала да се пријави за Мис Универзум, но го одложила ова бидејќи, како што рекла, не сакала да оди додека се случувал геноцид, осврнувајќи се на војната и тешката криза во Газа. Таа самата истакнала дека во тоа време не било прифатливо за неа да се истакнува себеси додека нејзиниот народ минува низ уништување и страдање.

Сепак, оваа година одлучила да го промени својот пристап. Палестина ќе се појави на натпреварот Мис Универзум за прв пат токму благодарение на нејзината одлука да ја искористи глобалната сцена и да го крене гласот за својот народ.

Натпреварот ќе се одржи на 21 ноември во Пак Крет, Тајланд, а Палестина ќе биде една од земјите што дебитираат, заедно со Саудиска Арабија и Латина.

Латина е нова категорија во натпреварот што произлезе од реалното шоу Miss Universe Latina, el reality, продуцирано од Телемундо. Целта била да се избере претставник на латиноамериканската заедница во Соединетите Американски Држави, а победничката на тоа шоу, Јамилекс Хернандез (по потекло од Доминиканската Република, живее во Њу Џерси), сега ќе ја претставува токму таа категорија Латиноамериканки на светскиот избор за убавина.

Поврзани содржини