🎥 ИЗГОРЕ ЈАХТА ВО ПРИСТАНИШТЕТО БУДВА Сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Сопостеникот на јахтата за полицијата изјавил дека пожарот најверојатно е предизвикан од дефект.

707

Синоќа во пристаништето во Будва (Црна Гора) избувнал пожат на луксузна јахта, а противпожаните екипи поради безбеднсни причини биле принудени да ја извлечат на отворено море, објави црногорски Вијести.

Според медиумот, станува збор за јахтата на бизнисменот Б. М. за кој полицијата објави дека бил на бродот кога избувнал пожарот. Тој изјавил дека пожарот најверојатно е предизвикан од дефект.






Шефот на Службата за заштита и спасување на Будва, Драган Божовиќ, за „Вијеста“ изјавил дека  пожарникарите претходно спречиле пожарот да се прошири на околните пловила, но откако оцениле дека е опасност за околината го извлекле на отворено море.

Седум екипи биле ангажирани во гаснењето на пожарот.

Утрово од Управата за поморска безбедност и управување со пристаништата соопштија дека јахтата била изгасната но потонала.

„Пожарот што избувна синоќа на јахтата „Мавровунија II“ во пристаништето Будва беше успешно изгаснат откако пловилото беше извлечено на безбедно растојание од пристаништата во марината, а благодарение на навремената интервенција на надлежните служби, спречено е и загадување на морето, иако јахтата подоцна потона кога се насука во пристаништето“, соопшти денеска Управата за поморска безбедност и управување со пристаништата (УПСУЛ).

Шефот на Службата за заштита и спасување на Будва, Драган Божовиќ, за „Вијеста“ изјавил дека пожарникарите претходно спречиле пожарот да се прошири на околните пловила. Божовиќ рекол дека седум екипи биле ангажирани во гаснењето на пожарот.

„Пожарот што избувна синоќа на јахтата „Мавровунија II“ во пристаништето Будва беше успешно изгаснат откако пловилото беше извлечено на безбедно растојание од пристаништата во марината, а благодарение на навремената интервенција на надлежните служби, спречено е и загадување на морето, иако јахтата подоцна потона кога се насука во пристаништето“, соопшти денеска Управата за поморска безбедност и управување со пристаништата (УПСУЛ).

Поврзани содржини