МВР ДЕМАНТИРА ДЕКА СПРЕЧИЛЕ ГРАЃАНИ ДА ПРОТЕСТИРААТ ВО КОЧАНИ Да не се шират вознемирувачки дезинформации

Полицијата вршеше редовни контроли и ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

237

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера (16.8.2025) не дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите“.

Напротив, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.






„Со цел остварување на своите законски надлежности, меѓу кои и безбедно одвивање на протестот „Маршот на ангелите“ во Кочани, СВР Штип вршеше редовни контроли на сообраќајот (возила и возачи) на подрачјето на СВР Штип, вклучувајќи го и градот Кочани. Но, на ниту еден граѓанин на кој му беше извршена редовна сообраќајна контрола, не му беше скратено правото на слободно учество на протестот „Маршот на ангелите” и не е задржан повеќе од нормално потребното време за вршење на полициска контрола. Апелираме да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните“, истакнуваат од МВР.

 

Поврзани содржини