МАЈКА МУ НА ЏЕФ БЕЗОС ГО РОДИЛА НА 17 ГОДИНИ Милијардерот се прости од својата сакана мајка

Мајката на Џеф, Џеки Безос, почина вчера, на 78-годишна возраст, по борба со деменција.

935

Основачот на американската компанија „Амазон“, Џеф Безос се соочува со загубата на својата мајка, Џеки Безос, која почина вчера, на 78-годишна возраст, по борба со деменција. Во објава на Инстаграм, покрај фотографија од мајка сѝ, 61-годишниот милијардер се осврна на својот родител со кого има разлика од само 17 години, објави ДПА.

– Тоа не може да биде лесно, но таа се справи со сè. Таа се зафати со желбата ревносно да ме сака, па го донесе мојот неверојатен татко во „тимот“ неколку години подоцна, а потоа ги додаде и мојата сестра и брат на нејзиниот список на луѓе што ги сака, чува и негува – напиша Безос.






Мултимилијардерот рече дека мајка му починала „опкружена со толку многу од нас кои ја сакаа“ – нејзините деца, внуци и неговиот татко.

– Ја чувам безбедно во моето срце засекогаш – подвлече тој.

Сочувства пристигнуваат од бројни познати личности: Антонио Бандерас, Шерон Стоун, Наоми Кемпбел, Миранда Кер…

Лорен Санчез, поранешната новинарка која се омажи за Безос на ѕвездена свеченост во Венеција во јуни, напиша: „Ќе ни недостига многу“.

Фондацијата на семејството Безос во соопштението наведува дека на Џеки Безос ѝ била дијагностицирана Леви-телесна деменција, во 2020 година. Таа била претседателка на Фондацијата, којашто доделува образовни стипендии.

Поврзани содржини