📽 МИСТЕРИОЗНИ ЗМИИ ЈА ОБВИТКУВААТ ИКОНАТА НА БОГОРОДИЦА СЕКОЈ АВГУСТ ВО КЕФАЛОНИЈА Што велат легендите за оваа чудна појава и дали науката има објаснување?

Појавата на змиите на иконата на Богородица во Маркопуло има далечно потекло, поврзано со чудотворни настани пренесувани усно. Постојат различни верзии на легендата, но сите се исполнети со мистицизам и со силна врзаност за традиционалните вредности што ја карактеризираат автентичната Кефалонија.

838

Мистериозен феномен се случува секој 15 август во селската црква во Кефалонија кога се појавуваат „змиите на Панагија“, кои лазат околу црквата и особено околу иконата на Богородица.

Стотиците змии, кои кружат околу црквата и влегуваат во неа, се мирни и безопасни, а според преданието, се појавувале во црквата на Богородица Лагуварда во селото Маркопуло само неколку дена пред празникот Успение на Пресвета Богородица на 15 август.






Денес поклониците носат змии во црквата во торби или во тегли и ги оставаат во близина на сребрената икона на Панагија (Богородица), а локалното население ја нарекува црквата „Панагија Фидуса“ – „Богородица на змиите“, се објаснува во објавата на Грик рипортер.

Појавата на змиите на иконата на Богородица во Маркопуло има далечно потекло, поврзано со чудотворни настани пренесувани усно. Постојат различни верзии на легендата, но сите се исполнети со мистицизам и со силна врзаност за традиционалните вредности што ја карактеризираат автентичната Кефалонија.

Какви се чудотворните змии на Кефалонија?

Змиите се мали и сиви, долги најмногу еден метар. Секоја година се појавуваат во црквата, особено околу иконата на Панагија.

За разлика од повеќето змии, нивната кожа е кадифена, а на главите и на врвот на јазикот имаат мал крст. Познати се по тоа што не се плашат од луѓе и се сметаат за пријателски настроени.

Локалните жители со нетрпение го очекуваат нивното појавување секоја година, а според традицијата, ако не се појават, ќе се случи несреќа.

„Змиите на Богородица“ изостанале само двапати: првиот пат во август 1940 година, непосредно пред избивањето на Втората светска војна, и вториот пат во август 1953 година, кога Кефалонија била погодена од разорен земјотрес.

Потекло на легендата

Според преданието, во 1200 година пирати го нападнале островот и се обиделе да завладеат со манастир полн со калуѓерки. Тогаш се појавиле безброј змии, кои ги обвиле телата на пиратите и создале „ѕид“ меѓу нив и манастирот. Исплашени, пиратите побегнале.

Од тоа време, „змиите на Пресвета Богородица“ секој август чудотворно се појавуваат.

Миротворно чудо и синтеза на верувања

Верниците секој август се поканети да ја посетат црквата на Богородица Лагуварда во Маркопуло за да се поклонат и да ги видат, па дури и да ги допрат змиите, кои слободно се движат низ храмот.

Ако во христијанската традиција змијата симболизира искушение и грев, во античка Грција таа била симбол на обновување и на исцелување.

Без разлика дали појавата на змиите има научно објаснување, во Маркопуло претхристијанската духовност се спојува со православната религиозност, создавајќи настан кој опстојува со векови, воодушевувајќи стотици поклоници и патници, заинтересирани да ја запознаат Кефалонија во нејзините најавтентични и најкарактеристични аспекти.

Поврзани содржини