ИНФЛУЕНСЕРКА ПРОБА ВИРАЛЕН ПРЕДИЗВИК И СКРШИ ‘РБЕТ Има 32 години и бебе, но ужива во глупаво стекнатата слава
Инфлуенсерка од Русија доживеа тешка повреда на ‘рбетот додека се обидуваше да го направи виралниот предизвик инспириран од музичкото видео на реперката Ники Минаж
Маријана Баруткина од Русија се обидувала да ја сними својата прва содржина како инфлуенсерка кога доживеала сериозна повреда додека ја рекреирала позата од музичкото видео за „High School“ на реперката Ники Минаж.
Стоејќи во високи потпетици врз тегла со храна за бебиња, 32-годишната мајка и козметичарка се обидела да го направи предизвикот држејќи се за раката на својата пријателка. На видеото се гледа теглата која е ставена несигурно врз тенџере свртено наопаку, а сè заедно на кујнскиот пулт. Таа ја губи рамнотежата и паѓа.
View this post on Instagram
Предизвикот ја остава со скршен ‘рбет
Видеото, кое брзо стана вирално на социјалните медиуми, завршува со Баруткина како лежи неподвижна на подот. Лекарите утврдиле дека таа претрпела компресивна фрактура на ‘рбетот. Поради сериозноста на повредата, ѝ било наредено да носи ортопедска протеза во следните три месеци.
Таканаречениот „предизвик со штикли“ неодамна ги освои социјалните медиуми. Вклучува обид да се имитира сцена од музичкото видео на Ники Минаж од 2013 година, во кое популарната раперка седи во високи потпетици покрај базен, со едната нога прекрстена преку другата. Илјадници корисници се обиделе да ја реплицираат оваа тешка поза, но не успеале сите без последици.
Баруткина вели дека се обидела со предизвикот само осум недели по раѓањето на својот син.
– Решив да започнам блог, да ја снимам мојата прва содржина и еве ме, ја напуштам лекарската ординација со дијагноза. Иронија? Карма? Или едноставно живот, кој секогаш нè тестира во најнеочекуваниот момент – вели таа.
Видеото предизвика лавина од негативни коментари, при што многумина се прашуваа кои се приоритетите на младата мајка. Еден корисник коментира: „Иронија? Карма? Глупост и храброст“.
– Да имаш 32 години, да станеш родител, а да не ги научиш основите на одговорноста – тоа навистина бара посебно ниво на упорност – додава друго лице, како што објави Дејли Меил.
Маријана брзо одговорила на бранот критики, тврдејќи дека нејзиниот син никогаш не бил во опасност.
– Поради едно видео, кое беше лошо снимено, се разбудив како популарна личност. Ви благодарам момци за вашата загриженост и за коментарите. Добро сум, ги следам препораките на лекарот и сега уживам во статусот на ѕвезда – вели таа, додавајќи: „За сите што се грижат за моето дете, тоа има две дадилки, а за време на снимањето една од нив беше со него.“
Процесот на закрепнување трае од три до четири месеци
Според упатствата на Британскиот национален здравствен систем (NHS), повеќето фрактури на ‘рбетот се третираат со таканаречен конзервативен пристап – ова значи дека повредената коска се остава да заздрави природно, без потреба од операција или ортопедски помагала. Процесот на закрепнување трае во просек од три до четири месеци, иако во повеќето случаи болката значително се смирува по шест до осум недели. Во овој период се препорачува редовно користење на лекови против болки.
Во потешки случаи, кога таквиот третман не е доволен, лекарите може да препорачаат носење ортопедски корсет или дури и операција. Некои пациенти може да развијат долгорочни последици, како што е згрбавена положба. Ова се случува кога ослабениот ‘рбет повеќе не може правилно да ја издржи тежината на телото, што на крајот може да доведе до проблеми со дишењето.