Што прави млад ветеринар на село кај жената вдовица?
Дошол млад ветеринар на село. Се сместил кај една вдовица. Пред спиење, ѝ вели на жената:
– Спијте мирно, госпоѓо. Јас сум џентлмен.
Утрото, после појадокот, ветеринарот го разгледува селскиот двор.
– Госпоѓо, гледам дека имате два петла, а само пет кокошки. Зошто е тоа така?
– Па, овој помалиот ги „гази“ кокошките, а овој другиот е џентлмен, како и вие.