ТАТКО Ѝ НАПЛАЌА КИРИЈА НА ШЕСТГОДИШНАТА ЌЕРКА Лекција по финансии или лишување од детството?

Дебора Гилбоа, докторка и експертка за психолошка отпорност, вели дека шест години е идеална возраст за да се започне со учење за парите, бидејќи тогаш често во училиштата се воведуваат основите на финансиската писменост.

65

Таткото Мајкл Маден предизвика многу реакции на социјалните мрежи откако објави дека на својата 6-годишна ќерка Роуз ѝ наплаќа кирија и комуналии. Тој го сподели овој необичен метод на родителство на Тик-Ток, тврдејќи дека на овој начин детето учи основни финансиски вештини, пишува TODAY.com.

Како изгледа „киријата“ за дете?






Во видеото кое брзо стана вирално, Маден чука на вратата од собата на неговата ќерка и вели: „Еј, душо, тука сум да ја соберам киријата“. Потоа бара 3 долари за кирија и 1 долар за комуналии. Роуз му ги дава парите од нејзината касичка, а тој ѝ се заблагодарува и вели: „Се гледаме следниот месец“.

Повеќе за ова, како и видеото, побарајте ги на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини