ЕКСКЛУЗИВНО: ПАДНА РЕКЕТАРСКА ШЕМА Бирото за јавна безбедност удри во срцето на изнудата!

Неофицијално се работи за лица од Арачиново од познатата фамилија Маслани, кои беа и поврзувани и со криминалните банди Барон и Беланоца.

4,947

Со месеци закани, со години рекет, со стотици илјади евра исцицани преку страв и уцени – сето тоа денеска заврши!

Бирото за јавна безбедност удри прецизно и директно. Лице фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра, пари кои биле резултат на долгогодишна изнуда. Акцијата е спроведена со судски налог, по насока на обвинителството и по криминалистичка обработка.






Неофицијално се работи за лица од Арачиново од познатата фамилија Маслани, кои беа и поврзувани и со криминалните банди Барон и Беланоца.

– Полициското присуство во Куманово и Арачиново е видливо, а ова не е само изолиран случај. Ова е порака. Нема веќе „газди“ над законите. Нема веќе рекет врз чесни граѓани. Нема повеќе молк пред заканите – вели извор на Плусинфо.

Со ова полицијата уште еднаш, секој ден, со секој чекор праќа силна и јасна порака до секој еден што мисли дека е над правото и над законите.

Поврзани содржини