ТЕПАЧКА МЕЃУ СКОПЈАНКИ ВО ОХРИД Женска пресметка во камп, вмешано и трето лице

Инцидент во охридски камп, физички напад меѓу две жени од Скопје, истрагата во тек.

1,311

Вчера вечер, нешто пред 21 часот, во авто-камп лоциран на брегот на Охридското Езеро, дошло до физички напад меѓу две жени од Скопје, при што во инцидентот се вклучило и трето лице.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, настанот се случил во 20:54 часот кога 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., по што во тепачката се вмешало и друго лице, чии податоци засега не се откриваат.






– Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Инцидентот се случил во присуство на повеќе посетители во кампот, а полицијата брзо реагирала на пријавата и извршила увид.

Поврзани содржини