СЕ РЕФОРМИРА СИСТЕМОТ МОЈ ТЕРМИН Алиу најави дека многу скоро граѓаните ќе ги почувствуваат новините

Министерот за здравство за новните во Мој термин денеска разговараше со директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани.

5,194

За функционирањето на системот Мој Термин и новините кои се планирани во оваа област денеска разговараа министерот за здравство, Азир Алиу и директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, соопшти Министерството за здравство.

– Системот Мој Термин е едно од местата каде што нашите граѓани најмногу ја чувствуваат потребата од брза, достапна, правична и транспарентна услуга. Еден од нашите приоритети е реформа на Мој Термин, со цел креирање поедноставен, побрз и подостапен систем. Правиме платформа што не создава бариери, туку отвора врати, што функционира во реално време и им дава на граѓаните сигурност дека се приоритет – изјави министерот Алиу.






Алиу рече дека многу скоро оваа промена граѓаните ќе ја почувствуваат не само на екраните, туку и во нивното секојдневие.

Поврзани содржини