„КАЗАНЏИ ГРУП“ РАЗГЛЕДУВА ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ, ТЕТОВО И ВО КУМАНОВО ЗА ГАСНИ ЦЕНТРАЛИ За централите во другите градови се бараат нови инвеститори
За инвестирање во гасни централи премиерот најави дека Владата е веќе во преговори со уште неколку странски инвеститори.
Владата ги прецизира локациите за изградба на гасни централи со турслата компанија „Казанџи груп”, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Тој рече дека по потпишување на Меморандумот со компанијата процесот на преговори продолжува.
-Во игра се неколку локации – во Скопје се неколку локации во оптек, исто така и Куманово е во потег, Тетово, Гостивар, поголемите градски средини. Нормално, тука се исто така и останатите, имајќи предвид дека Битола, веќе ќе се затвори проблемот со затоплување, бидејќи се завршува проектот за топлификација од РЕК Битола- рече Мицкоски.
За инвестирање во ваков тип на проекти премиерот најави дека Владата е веќе во преговори со уште неколку странски инвеститори.
-Ни остануваат Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Кавадарци итн. Да, да не ми замерат останатите коишто нема да ги споменам. Но, покрај „Казанџи”, веќе сме во преговори со уште неколку други потенцијални инвеститори за инвестирање во ваков тип на проекти – рече Мицкоски.