АЗИСКА ДРЖАВА ИСПРАЌА ВОЕНИ ЕКСПЕРТИ ВО РУСИЈА? За деминирање на Курск е потребен инженерски план

Освен 50 инженери кои треба да помогнат да се тргнат мините од Курск на границата со Украина, Лаос, според украинските служби, нуди и бесплатна рехабилитација на ранетите руски војници.

488

Русија се обидува да ангажира 50 воени инженери од Лаос за да ѝ помогнат на руската армија со деминирање во областа Курск на граница со Украина, тврди украинската воена разузнавачка служба (ХУР).

Веста ја објавија неколку западни медиуми. Службата ХУР тврди дека Лаос ќе ` помогне на Русија со изговор дека врши хуманитарни операции.






Се тврди дека тоа се прави под „хуманитарен“ изговор, но всушност има за цел поддршка на воените напори на Москва

Понатаму, се вели дека Лаос нуди и бесплатна рехабилитација за ранетите руски војници и дека Русија е заинтересирана за оваа помош.

„UNited24“ анализира дека ова е дел од стратешки потег на Русија за да ги искористи историските врски со Лаос од Студената војна, вклучително програми за студии и воена поддршка

Државната телевизија на Лаос ги отфрли наводите.

Лаос е мала, планинска земја во Југоисточна Азија, без излез на море, сместена меѓу Тајланд, Виетнам, Камбоџа, Кина и Мјанмар. Главен град ѝ е Виентјан, а официјален јазик е лаошкиот.

Политички, Лаос е еднопартиска социјалистичка држава, под раководство на Комунистичката партија.

Украина на 6 август минатата година презеде прекуграничната офанзива, при што зазеде околу 1.300 квадратни километри во Курската област, но руската армија со помош на севернокорејските војници поврати голем дел од заземената територија.

Поврзани содржини