📷 БЕЛАТА КУЌА ГО ПРЕТСТАВИ ТРАМП КАКО СУПЕРМЕН НА ФОТКА Вашингтон се мајтапи со новиот „разбуден“ холивудски филм
Симболот на надежта. Вистина. Правда. Американски начин. Супермен Трамп, соопштија од Белата куќа на Икс покрај фотографијата. Реакцијата на Белата куќа доаѓа откако јавноста во САД се подели околу тоа дали Холивуд претерал претставувајќи го Супермен како дел од „woke“ културата.
Белата куќа објави фотомонтажа на која американскиот претседател Доналд Трамп е прикажан како Супермен на постерот за новиот филм на Џејмс Ган. Објавата на Белата куќа доаѓа откако премиерата на филмот на Ган донесе лавина коментари и ја подели јавноста во САД.
„Симболот на надежта. Вистина. Правда. Американски начин. Супермен Трамп“, соопштија од Белата куќа на Икс.
Филмската куќа „Варнер Брос“ реагираше со кратка изјава:
„Нашиот филм ја слави човечката добрина, емпатијата и прифаќањето на различното“.
THE SYMBOL OF HOPE.
TRUTH. JUSTICE. THE AMERICAN WAY.
SUPERMAN TRUMP. 🇺🇸 pic.twitter.com/fwFWeYonAq
— The White House (@WhiteHouse) July 11, 2025
Новиот Супермен стана топ-тема меѓу поддржувачите на Трамп од МАГА движењето, кои уште пред премиерата жестоко го нападнаа филмот како дел од „woke“ културата која тие ја критикуваат.
Некогашниот Супермен на ТВ, Дејн Каин, се јави со коментар:
– Холивуд претера со тоа да го направи ликот супер „woke“.
Познати МАГА-инфлуенсери на Икс дури повикаа на бојкот, критикувајќи дека режисерот Џејмс Ган го користи Супермен за да „шири идеологија, а не вредности“.
Најавата на Белата куќа која уследи по премиерата, само ја разгоре полемиката.
Оваа појава уште еднаш ја отвори дебатата за улогата на поп-културата во американската политика.