РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО СО МЕТАСТАЗИ НА ЦРН ДРОБ БИЛ НЕЈЗИНИОТ ПОВИК ЗА БУДЕЊЕ Хрватка споделува препораки што можат да помогнат на патот кон здравјето

На Сандра Павиќ Драшковиќ ѝ бил дијагностициран рак на дебело црево со метастази на црниот дроб пред осум години, а денес е здрава личност и едуцира за исхраната. Од сопственото искуство и работата со луѓе, таа дошла до заклучок дека исхраната е она што носи највидливи промени.

854

Денес е познато дека само пет проценти од раковите имаат генетска поврзаност, додека преостанатите 95 проценти се тесно поврзани со начинот на живот. Клучот за здравјето често е во наши раце. Цревниот микробиом, кој го нарекуваме и втор мозок, игра клучна улога бидејќи повеќето имунолошки клетки се наоѓаат во цревата. Прашањето е дали сме доволно свесни за тоа колку влијание можеме да имаме врз сопственото здравје.

Сандра Павиќ Драшковиќ е инспиративна жена која е среќна да им помага на другите и споделува совети од сопственото искуство во борбата против ракот. Таа сега е „канцер фри“ и често нагласува дека многу од нештата се во наши раце кога активно сакаме да го спречиме развојот на болеста или да се излечиме ако се разболиме.






Таа е магистер по фармација и холистички советник и една од оние што го потврдуваат ова, а исто така на многумина им помага со совети, ја следат на социјалните медиуми или доаѓаат за поддршка во бројните здруженија со кои Сандра соработува и одржува работилници за здрава исхрана, лековити билки, холистички пристапи кон здравјето…

На Сандра ѝ бил дијагностициран рак на дебело црево со метастази на црниот дроб пред осум години, а денес е здрава личност и едуцира за исхраната.

Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Поврзани содржини