ЗА МАКЕДОНСКАТА КУЈНА НИЗ ЗБОРОВИ И СЛИКИ „Дома“ на Спасиа Динковски, најдобра дијаспорска книга за готвење на светот

Натпреварот за најдобри книги за готвење на светот се одржува секоја година, од 1995 наваму, а годинава е за нас посебна бидејќи токму Македонката Спасиа Пандора Динковски, авторка на „ДОМА“, е добитничка на оваа престижна награда, за најдобра дијаспорска книга за готвење

82

Од Лондон деновиве ни стаса веста дека на Светските награди за книги за готвење, GOURMAND AWARDS: The Best Cookbooks in the World, наградата за најдобра дијаспорска книга за готвење ја доби книгата „Дома“, на Спасиа Пандора Динковски, родена во Англија, од родители-Македонци и најголем амбасадор на Македонија во оваа земја. Наградата беше доделена во рамките на Светскиот самит за храна во Португалија.

GOURMAND AWARDS: The Best Cookbooks in the World се основани во 1995 година од Едуар Коантро. Секоја година, тие ги наградуваат најдобрите книги за храна и за вино, печатени или дигитални, како и телевизии специјализирани за храна.
Во 2024 година, имаат учесници од 221 земја и региони кои учествуваат на овие престижни награди, единственото меѓународно натпреварување во секторот.






Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини