САКАТЕ ДА СТАНЕТЕ МИЛИОНЕР? Науката вели дека една секојдневна навика може да ги зголеми вашите шанси за успех за 200%

Домашните работи - за некои, вистински кошмар, за други, мала рутина без која не можат ни да го започнат денот. Но, дали знаевте дека научниците ги гледаат како многу повеќе од само обврска? Каква е врската помеѓу успехот и секојдневното средување?

191

Да бидеме искрени – малкумина со воодушевување рипаат од кревет за да ги завршат домашните работи. Со целиот хаос на современиот живот – работа, семејство, е-пошта, рокови – малкумина имаат волја да се борат со нередот секој ден.

Но, интересно, има луѓе кои не само што го одржуваат својот простор уреден, туку и уживаат во него. И сега доаѓаме до неочекуваниот дел – се испоставува дека дури и најбогатите луѓе во светот, оние со милиони на своите сметки и возен парк од соништата, не ги избегнуваат баш сите здодевни обврски.






Многу успешни луѓе прават една специфична задача за која научниците тврдат дека може да биде клучот за нивниот финансиски успех. Погодете што е тоа?

Местење на креветот!

Дали знаевте дека местењето на креветот може да ви ја отвори вратата кон богатство?

Реномираниот социоекономист Рандал Бел спровел огромна студија и интервјуирал над 5.000 луѓе – од милионери до студенти, па дури и невработени – обидувајќи се да открие кои дневни рутини се поврзани со успехот.

Меѓу овие ритуали, како што се очекувало, биле раното будење, планирањето на денот, физичката активност… Но, она што ги изненадило сите е тоа што повеќето финансиски успешни луѓе имаат уште една заедничка навика: го местат креветот секое утро.

Една мала навика, 200% поголема веројатност за успех

Според Бел, оние кои го средуваат креветот наутро имаат до 206,8 проценти поголема веројатност да бидат милионери, бидејќи тоа го става умот во продуктивен начин на размислување.

Значи, луѓето кои го средуваат креветот секое утро имаат поголема веројатност да имаат работа, да имаат повисоки приходи и да бидат позадоволни од својот живот.

Тоа го менува начинот на кој го перцепирате светот околу вас. Кога ќе ви се појави задача – едноставно направете ја, објаснил Бел во интервју за CBS News.

Експертите велат дека оваа навидум тривијална рутина создава чувство на контрола врз вашиот живот и вашата околина. Секако, не можеме да гарантираме дека само со средување на креветот одеднаш ќе префрлате милиони од една сметка на друга… но барем ќе влегувате во прекрасно уреден простор секој ден што мириса на ред, стил и луксуз.

И понекогаш токму тоа е – првиот чекор кон голем успех.

Поврзани содржини