📷 ТРАЕКТ УДРИ ВО ТУРИСТИЧКИ БРОД ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО ВО СПЛИТ Ненадејната бура ги изненади градските власти

Поради силниот ветер се скинаа јажето со кое траектот беше врзан, по што тој се одвои од кејот и почна неконтролирано да плута низ пристаништето. Прво удри во катамаранот ‘Крило’, а потоа и во туристички излетнички брод, кој во моментов тоне, изјави директорот на Пристанишната управа во Сплит.

263

Силно и неочекувано невреме утринава околу 9 часот го погоди Сплит, предизвикувајќи хаос во сообраќајот и сериозни штети низ градот.

Особено тешка ситуација имаше во сплитското пристаниште за траекти, каде што траект удри во два брода. Едниот од нив потона, потврди директорот на Пристанишната управа Сплит, Вице Михановиќ.

 






– Поради силниот ветер се скинаа јажето со кое траектот беше врзан, по што тој се одвои од кејот и почна неконтролирано да плута низ пристаништето. Прво удри во катамаранот ‘Крило’, а потоа и во туристички излетнички брод, кој во моментов тоне – изјави Михановиќ за Тпортал.

Небото нагло се затемни, врнежите беа интензивни, придружени со грмежи и силен ветер што уриваше дрвја и гранки, превртуваше контејнери и оштетуваше објекти. Според порталот „Далмација Данас“, од некои згради паднале делови од фасади и лимени конструкции.

 

 

Делови од поширокото градско подрачје останаа без електрична енергија, а сообраќајот на повеќе локации беше целосно блокиран поради поплави и затнати одводи. Драматични снимки покажуваат автомобили кои „пловат“ низ улиците и пешаци кои бегаат пред надојдените води.

 

Поврзани содржини