СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ БАРААТ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НЕКОЛКУ ЗАКОНИ Мицкоски вели подаваме рака и на домашните и на странските инвеститори

Претседателот на советот Виктор Мизо на прес-конференција заедно со премиерот по средбата рече дека најважно за странските инвеститори во земјава е тоа што е почна процесотт на хармонизација на царинските стапки со европската Унија, што се воведени меѓународни сметководствени стандарди, но и учеството на компаниите странски инвестиции во подготовката на законите и учество во Економско социјалниот совет.

1,353

40 компании членки на Советот на странски инвеститори денес на економскиот тим на владата му дадоа свои иницијативи забелешки идеи и конструктивни коментари.

Претседателот на советот Виктор Мизо на прес-конференција заедно со премиерот по средбата рече дека најважно за странските инвеститори во земјава е тоа што е почна процесотт на хармонизација на царинските стапки со европската Унија, што се воведени меѓународни сметководствени стандарди, но и учеството на компаниите странски инвестиции во подготовката на законите и учество во Економско социјалниот совет.






– Го поздравивме хармонизирањето на царинските стапки со ЕУ за 67 тарифни броеви веќе влезе во закон 50% намалување на стапките споредено со ЕУ, а од 1 јануари целосна хармонизација на стапките. Тоа е многу важен чекор за странските инвеститори, бидејќи ја зголемува нивната конкурентност и се очекува овие компании да инвестираат во земјава, но и дека ова ќе донесе и нови инвестиции во земјава – рече Мизо.

Тој рече и дека странските инвеститори се задоволни што е донесен усогласен закон за минимален глобален данок.

– Од минатата година, но и оваа се плаќа данок од 15% и тоа е добро – рече тој.

Мизо го пофали и воведувањето на меѓународните стандарди во сметководството, но и побара и компаниите на странските инвеститори да учествуваат во донесувањето на законите и да учествуваат во работата на економско-социјалниот совет.

– Олеснување за компаниите е воведувањето и на меѓународните стандарди во сметководството. Што значи нема компаниите да прават двојно сметководство. Пред или по изворите ќе имаме и работни групи кои ќе учествуваат во изготвување закони, посебно законите за работни односи, за финансиска поддршка и законот за странци. Укажавме на потребата за членство на странските инвеститори во социјално економскиот совет за дозволи за работници од странство. Но не за увоз на работници од странство туку за да дојдат странски експерти и менаџери да го водат почетокот на инвестирањето во земјава – рече Мизо.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека владата прави се за да го олесни работењето на странските компании во земјава, но и на домашните инвеститори.

– Подаваме рака на странските инвеститори и на домашните инвеститори. Не само декларативно туку суштински низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно – рече Мицкоски.

Тој рече дека тоа дало и резултати во првиот квартал кога БДП реално порасна за 3,2%, извозот јануари-мај се зголеми за 3, 15в%, додека увозот бележи раст од 1%. Индустриското производство бележи раст од 9,4%, а трговскиот дефицит е намален за 80 милиони долари.

Тој најави активни разговори со нови инвеститори во автомобилската индустрија ИТ секторот, логистиката како и нови царински олеснувања за извоз на американскиот пазар.

Поврзани содржини