БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ТЕКСАС СЕ КАЧИ НА 82, МЕЃУ НИВ 28 ДЕЦА Сѐ уште се трага по девојчињата од летниот камп

Шерифот на округот Кер во Тексас, Лари Лејта, соопшти дека во неговиот округ животот го загубиле 68 лица, меѓу кои и 28 деца. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, на прес-конференција потврди дека има уште загинати во други делови од државата, а 41 лице сè уште се водат како исчезнати.

131

Катастрофалните поплави во Тексас однесоа најмалку 82 животи, меѓу кои на 28 деца, додека операциите за пребарување исчезнати девојчиња од летен камп продолжуваат трети ден, а стравувањата од нови нагли поплави предизвикаа дополнителни евакуации.

Шерифот на округот Кер Лари Лејта изјави дека само во неговиот округ загинале 68 лица, вклучувајќи 28 деца. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, на вчерашната прес-конференција потврди дека има дополнителни жртви во други делови на државата, а 41 лице се водат како исчезнати.






Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сочувство до жртвите и најави можна посета на погодениот регион в петок. Неговата администрација е во постојан контакт со гувернерот Абот, додаде тој.

– Ова што се случи е ужасно, апсолутно ужасно. Затоа велиме: „Бог да ги благослови сите што претрпеа толку многу и Бог да го благослови Тексас“ – изјави Трамп пред новинарите во Њу Џерси.

Летниот камп „Кемп Мистик“, христијански камп за девојчиња со речиси едновековна традиција, е меѓу најтешко погодените од поплавите. Според Лејта, сè уште се трага по 10 девојчиња и еден вработен од кампот.

– Беше ужасно да се види низ што поминале овие деца – рече Абот, кој во саботата го посети регионот и вети продолжување на напорите за пронаоѓање на исчезнатите.

Поплавите се предизвикани од реката Гвадалупе, која се излеа од коритото по обилните дождови во централниот дел на Тексас на 4 јули, Денот на независноста на САД. Според началникот на Одделот за управување со вонредни состојби во Тексас, Ним Кид, три лица загинале во округот Барнет, едно во округот Том Грин, 5 во округот Травис и едно во округот Вилијамсон.

– Бројот на жртвите ќе се зголеми денеска и утре – изјави директорот на Одделот за јавна безбедност на Тексас, Фриман Мартин.

Според официјални извори, спасени се над 850 лица, вклучувајќи и некои кои се држеле за дрвја по невремето што донесе до 38 сантиметри дожд во регионот, околу 140 километри северозападно од Сан Антонио. Федералната агенција за управување со вонредни состојби е активирана, а хеликоптери и авиони на американската крајбрежна стража учествуваат во спасувачките операции.

ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ТЕКСАС ЗАГИНАА 50 ЛУЃЕ Исчезнати се 27 девојки од летен камп

Поврзани содржини