КРИВИЧНА ЗА ЕКСДИРЕКТОРОТ НА „СТРЕЖЕВО“ Го оштетил буџетот на претпријатието со наместени договори и незаконски фактури

Случајот се однесува на јавна набавка поврзана со изградба на фотонапонска централа од 500 kW, во близина на акумулацијата Стрежево. Проектот го добил изведувач од Скопје, но работите не се извршени во утврдените рокови.

2,751

Против поранешниот директор на ЈП „Стрежево“ – Битола, М.Г. (54) е поднесена кривична пријава поради сомнение дека со своето работење направил сериозни злоупотреби во врска со изградба на фотонапонска електрична централа кај селото Црновец. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Битола, штетата што ја предизвикал се проценува на речиси 6.400 евра, односно 390.000 денари, со сомнежи за продолжено кривично дело.

Случајот се однесува на јавна набавка поврзана со изградба на фотонапонска централа од 500 kW, во близина на акумулацијата Стрежево. Проектот го добил изведувач од Скопје, но работите не се извршени во утврдените рокови.






Според полицијата, во периодот од март 2023 до мај 2024, иако изведувачот доцнел со обврските, М.Г. не ја активирал банкарската гаранција во висина од 50.000 евра, со што директно го оштетил буџетот на претпријатието.

Покрај тоа, иако вредноста на целиот договор изнесувала 22.534.016 денари (приближно 366.300 евра), тој исплатил само дел од сумата – 3.356.012 денари (околу 54.600 евра), што предизвикало дополнителни обврски и трошоци за ЈП „Стрежево“.

На 10 јули 2023, и покрај тоа што изведувачот не ги завршил договорените работи, поранешниот директор издал налог за исплата на 7.767.008 денари (околу 126.300 евра), со што ја пречекорил својата службена должност и нанел нова штета од 3.056.000 денари (приближно 49.700 евра).

На 10 мај 2024, М.Г. самостојно, без одобрение од соодветни служби, изготвил фактура од 1.294.501 денар (приближно 21.000 евра) како договорна казна за задоцнување постапка што, според полицијата, е целосно спротивна на законот и службените процедури.

СВР Битола информира дека кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство – Битола, под сомнение за кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик“ и „продолжено кривично дело“.

Поврзани содржини