ОД ФАБИНГ И ДАБЛ ФАБИНГ ДО РАЗДЕЛБА И РАЗВОД За новата „болест“ на браковите и врските

Во значителен процент од браковите постои „дабл фабинг“. Ова значи дека двајцата партнери скролаат низ Фејсбук, проверуваат и пишуваат пораки или играат игра во присуство на својот партнер, или дури и додека отсутно разменуваат неколку реченици едни со други. „Фабинг“ (Phubbing) е кратенка од англискиот израз phone snubbing, кој пак е комбинација од зборовите phone и snubbing и подразбира игнорирање или занемарување на некого во реалниот свет заради употреба на мобилниот телефон.

167

„Би сакала мојот партнер да ме слуша, а не да гледа во телефонот“, „На средина од разговорот, тој/таа пишува пораки“, „Неговото/нејзиното внимание се преселило на мобилниот телефон…“. Ако ги препознавате овие ситуации во вашата врска или брак, можеби сте во замката на феноменот наречен „фабинг“.

Помеѓу забавата, придобивките и проблемите: Мобилните како средство за дистанцирање од светот околу нас






Свесни сме, како што вели брачната психотерапевтка Јасенка Југовиќ во интервју за порталот eKlinika, дека мобилните телефони станаа неопходен дел од секојдневниот живот и имаат значително влијание врз нашиот начин на живот и интеракциите со другите. Тие ни обезбедуваат информации, комуникација и забава на дофат на раката, а воедно незабележливо нè дистанцираат од светот околу нас.

„Во контекст на партнерствата и комуникацијата во врската, употребата на електронски уреди може да ни помогне да останеме поврзани, ако не сме физички заедно. Сепак, тие можат да имаат негативно влијание врз партнерството ако вашиот партнер гледа повеќе во својот телефон отколку во вас“, вели Југовиќ.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Поврзани содржини