КАКО РЕАГИРАЛ ДИДИ ОТКАКО ЈА СЛУШНАЛ ПРЕСУДАТА Раперот бил вон себе, некои плачеле во судницата

Музичкиот могул Шон Комбс, попознат како Пи Диди, вчера беше прогласен за виновен за организирање превоз со цел проституција, а „Си-ен-ен“ објави како реагирал откако ја слушнал пресудата.

709

Музичкиот могул Шон Комбс, попознат како Пи Диди, вчера беше прогласен за виновен за организирање превоз со цел проституција, а „Си-ен-ен“ објави како реагирал откако ја слушнал пресудата. Пред да биде изведен од судницата во Њујорк, тој клекнал и ја наведнал главата како да се моли. Кога станал, се сврте кон луѓето што седеле во галеријата на судницата и почнал да аплаудира.

Потоа, ги погледнал членовите на своето семејство и рекол: „Ви благодарам. Те сакам, мамо.“ Тие почнале да аплаудираат, а некои дури и плачеле.






Кога Диди ја напуштил судницата, неговото семејство им рекло на адвокатите дека тие се „тим од соништата“. Неговиот адвокат Тени Герагос ги прегрнал.

Адвокатот на одбраната Марк Агнифило рекол дека раперот се подготвува да го помине остатокот од животот во затвор.

„Оваа порота на Комбс му подари живот. Ве уверувам дека тој ја цени можноста што му е дадена и нема да прекрши ништо што овој суд ќе му го наметне“, додал тој.

Потсетуваме, Диди се соочува со казна затвор до 20 години, но го избегна доживотниот затвор. Тој беше ослободен од обвиненијата за трговија со луѓе заради проституција и рекетирање.

Поврзани содржини