МАКЕДОНИЈА ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ ВО ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА Изградени електрани со инсталирана моќ поголема од 1000 мегавати

Министерката за енергетика најави изградба и на повеќе проекти во енергетиката - изградбата на сончева електрана од 200 MW, нов ветерен парк во Миравци од 100 MW, проширување на ветерниот парк „Богданци“ како и новите приватни инвестиции, меѓу кои ветерниот парк на „Алцазар Енерџи“ со капацитет од 400 MW и соларниот парк „Стипион“ на „Акуо Енерџи“ од Франција со планирани 360–400 MW.

85

Заклучно со 2024 година, во земјата функционираат вкупно 1.494 електроцентрали на обновливи извори со комбинирана инсталирана моќност од 1.663 MW, што претставува 56% од вкупната инсталирана електроенергетска моќност во државата, изјави денеска министерката за енергетика  Сања Божиновска на  Бизнис форумот „Италија – Северна Македонија“.

Според неа, особено е забележителен порастот на фотонапонските централи, чиј удел во производството постојано расте.






Божиновска најави изградба и на повеќе проекти во енергетиката – изградбата на сончева електрана од 200 MW, нов ветерен парк во Миравци од 100 MW, проширување на ветерниот парк „Богданци“ како и новите приватни инвестиции, меѓу кои ветерниот парк на „Алцазар Енерџи“ со капацитет од 400 MW и соларниот парк „Стипион“ на „Акуо Енерџи“ од Франција со планирани 360–400 MW.

-Без силна и модерна енергетска мрежа, капацитетите од обновливи извори нема да можат да се интегрираат. Затоа инвестициите во преносната и дистрибутивната мрежа се наш апсолутен приоритет – рече Божиновска, најавувајќи нов 10-годишен план за развој на мрежата и воведување на батериски системи за складирање на енергија како задолжителен дел за сите нови капацитети.

На форумот се дискутираше и за нови можности за италијанските компании во областа на енергетиката и инфраструктурата, а беа отворени теми за регионално поврзување, заеднички проекти и засилување на јавните и приватните партнерства во духот на зелената транзиција.

Во рамки на пленарната сесија и панелот посветен на енергетската транзиција и циркуларната економија, министерката Божиновска ги презентираше плановите и резултатите на Македонија во доменот на обновливите извори на енергија, укажувајќи дека земјата веќе е препознаена како лидер во регионот со над 1000 MW инсталирани капацитети.

Поврзани содржини