БИТОЛЧАНЕЦ Ѝ ДАЛ 22.500 ЕВРА НА ЛАЖНА ИНСПЕКТОРКА Измамничка од Битола ветувала работа во МВР, па го ограбила

Жената од Битола му се претставила како вработена во МВР и во текот на неколку месеци му извлекла 22.500 евра, уверувајќи го дека ќе го вработи неговиот син во полиција.

358

Битолчанката М.Л. (43) измамила 64-годишен сограѓанин, убедувајќи го дека е вработена во Министерството за внатрешни работи и дека може да го вработи неговиот син на работна позиција во истата институција. За таа „услуга“, жртвата во неколку наврати ѝ исплатила вкупно 22.500 евра.

Случајот се случувал во периодот од септември 2024 до април 2025 година, а според податоците од истрагата, осомничената не само што лажно се претставувала како службено лице, туку и постојано го одржувала во заблуда оштетениот, давајќи му лажни надежи за решавање на повеќе „службени постапки“.






– Пријавената со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда лице од Битола со лажно претставување дека е вработена во МВР. Со тоа успеала да извлече значителна сума пари во неколку наврати – изјавија од СВР Битола.

Против М.Л. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини