🎥 СРПСКАТА ПЕЈАЧКА СЕ ОБИДЕЛА ДА ЈА ПРОБИЕ БЛОКАДАТА СО АВТОМОБИЛОТ ВО БЕЛГРАД „Не газев ничии деца“, тврди таа

Српската пејачка Марија Микиќ со својот автомобил се обидела да ја пробие блокадата на Бежанијска коса во Белград, а видеото привлече внимание на социјалните мрежи.

389

Српската пејачка Марија Микиќ со својот автомобил се обидела да ја пробие блокадата на Бежанијска коса во Белград, а видеото привлече внимание на социјалните мрежи. По инцидентот, Марија излезе во јавност и ја презентираше својата страна од приказната.

Како што може да се види на видеото, пејачката продолжила да вози и покрај контејнерите кои биле поставени таму. Чуварите ја вратиле назад, по што таа се скарала со нив.

 







Потоа таа изјавила на Инстаграм дека отишла да ги земе децата, кои биле со дадилката.

– Не газев ничии деца. Не налетав на никого. Никогаш не ги поделив луѓето по ништо. На две возила пред мене им беше дозволено да поминат. Застанав да прашам: „Дали може и јас?“. Само одев да ги земам своите деца, кои се проколнувани и на кои им посакуваа да умрат – навела таа во описот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Mikic (@wwwmarijamikiccom)


Марија продолжила, велејќи дека никогаш повеќе нема да зборува за оваа тема.

– Мажи, треба да се срамите од целото ваше однесување. И најважно од сè, јас сепак нема да ги делам луѓето, бидејќи ова се само поединци и цврсто верувам во тоа. Ѝ благодарам на прекрасната девојка што беше покрај мене и единствената што ја знае вистината – напишала таа.

Во Белград минатата сабота се одржаа големи протести кои завршија со насилство. Десетици луѓе беа повредени, а речиси исто толку беа уапсени. Многу локации во градот сè уште се блокирани.

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини