КОЈ МОЖЕ ДА ВИ ГИ ЗЕМЕ МАНАСТИРИТЕ, ПИНЏУРОТ ИЛИ ПОЛНЕТИТЕ ПИПЕРКИ? Со членство во ЕУ најдобро ќе го заштитите идентитетот, ни порача еврокомесарката Кос

Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција, изјави еврокомесарката Марта Кос.

1,004

За Европската Комисија ситуацијата е јасна, доколку Македонија ги исполни заложбите и го промени Уставот, што секако дека не е лесно, тогаш ќе започнеме веднаш со меѓувладината конфернција без било какви дополнителни политички условувања, порача еврокомесарката Марта Кос, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, за барањата од Софија, освен уставни измени, да се усвојат и протоколите.

Прашана за тоа какви гаранции може да даде ЕУ на Македонија дека Бугарија нема да го билатерализира процесот понатаму, Кос нагласи дека нивната „политичка цел е да се отворат преговорите за Северна Македонија, по кластер 1 најскоро можно, штом ќе ги задоволи Северна Македонија релевантните критериуми, договорени со Советот, односно ќе ги имплементира заложбите да се извршат уставните промени“.






– Сметам дека е многу важно, а денешниот состанок само го покажува тоа дека Северна Македонија треба да се подбутне на патот кон проширувањето, особено со оглед на тоа дека некои други земји се силни конкуренти за завршување на претпристапните преговори. Сите препознаваме дека ова не е лесно, но можноста е отворена сега за проширување и ние сите треба да ја искоирстиме оваа шанса. И сите треба да придонесеме, не само овие две земји, туку сите од ЕУ да се изнајде начин што ќе овозможи Северна Македонија да започне најскоро што е можно. Најдобра гаранција за овој процес е да се остварат резултати – порача Кос.

Затоа, според Кос, од аспект на Комисијата важно е да се има конструктивен дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија, и да се изгради дух на заедничка доверба и разбирање.

Прашана за коментар на околу бугарските амандмани за Извештајот за Македонија каде се бара „модерен (современ)“ македонски јазик и македонска нација, Кос рече дека според неа „членство во ЕУ е најдобар начин како да се заштити идентитетот, културата и јазикот“.

– Членството во ЕУ според мене е најдобриот начин како да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, поради тоа што ЕУ е изградена на приципот на разноличност и ЕУ се грижи за сите земји членки поединечно, во смисла на тоа што нашиот идентитет е добро зачуван – изјави Кос.

Словенија, посочи Кос, исто така е мала земја со два милиони жители, но откако стана членка на ЕУ во 2004 година, словенечкиот јазик е еден од 24 официјални јазици на ЕУ.

Кос, исто така, посочи дека и во Молдавија работи на спречување на, како што вели истиот наратив дека ќе се изгуби јазикот и идентитетот.

– И откако Молдавија стана земја кандидат во моето портфолио, помагаме да се спречи рускиот наратив што вели дека ќе го изгубат идентитетот. Идентитетот не може, според мене, никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастите во Северна Македонија, погачата, тавче гравчето, пинџурот или полнетите пиперки… како на пример ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците – порача Кос.

Поврзани содржини