БАРАМЕ ДЕБЛОКАДА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ Членството во ЕУ е наш национален интерес, порача Демократски сојуз

Деблокадата е можна и зависи од ЕУ, а не од Македонија. Во Македонија постои и политички и граѓански консензус за полноправно членство во ЕУ, порача Демократски сојуз.

284

Во пресрет на посетата на Марта Кос на Македонија, Демократскиот сојуз ја повикува Европската Унија да ги деблокира евроинтеграциските преговори на Македонија, бидејќи тоа е во согласност со геостратешките состојби и во интерес и на Македонија и на ЕУ.

„Демократскиот сојуз од Еврокомесарката Марта Кос бара да направи мал чекор за деблокадата: Прво, да предложи Советот на ЕУ да донесе заклучок дека идентитетските, историските и јазичните прашања не можат да бидат основа за блокада на евроинтеграциите. Второ, Советот на ЕУ да донесе одлука дека македонскиот јазик, по приемот на Македонија во ЕУ, ќе биде официјален (службен) јазик во ЕУ. Трето, ЕУ да ја обврзе Бугарија да ги имплементира одлуките на Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур, за Македонците во Бугарија да можат да се здружуваат за заштита на своите историски, идентитески и јазични обележја. Подолго време има изјави од претставници на ЕУ и Бугарија дека внесувањето на Бугарите во Уставот е последно барање, дека македонскиот јазик е загарантиран, тоа го тврдат функционерите на СДСМ  и дека идентитетските прашања не се дел од Преговорачката рамка. Само да разјасниме, во Преговарачката рамка никаде не е спомнат македонскиот јазик, освен дека преводот на директивите на ЕУ ќе се врши на македонски јазик (тоа и досега се прави), а со годишните прегледи (протоколи) кои се дел од Преговорачката рамка, се отвораат идентитетските прашања, како и со договорот за добрососедски односи помегу Македонија и Бугарија. Деблокадата е можна и зависи од ЕУ, а не од Македонија. Во Македонија постои и политички и граѓански консензус за полноправно членство во ЕУ. Тоа е наш национален интерес“, се вели во партиската реакција.

Поврзани содржини