АПЛИКАЦИЈАТА МОЈДДВ ВТОР ДЕН РАБОТИ СО ПРЕКИНИ Тим на УЈП работи на отстранување на проблемот

Од Управата за јавни приходи ги смируваат граѓаните дека фискалните сметки имаат рок за скенирање од 10 дена,.

2,820

Од вчера мобилната апликација „МојДДВ“ работи со прекини. Денеска и Управата за јавни приходи (УЈП) информираше дека има технички проблеми во функционирањето на апликацијата и интензивно се  работи на отстранување на проблемот.

– Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција- веелат од УЈП.

 

Поврзани содржини