ЏЕФ БЕЗОС И ЛОРЕН САНЧЕЗ СТАПИЈА НА „ЛУДИОТ КАМЕН“ Судбоносното „да“ го кажаа на малиот остров Сан Џорџо во Венеција
Санчез беше облечена во раскошен фустан на „Долче и Габана“.Списанието „Вог“, за кое двојката дозволи ексклузивен пристап и беше на неговата насловна страница на јунското издание напиша дека венчаницата била изработена за 900 часа. Инспирирација за изгледот на венчаниата била венчаницата на Софија Лорен во филмот „Брод-куќа“ од 1958 година.
Основачот на „Амазон“ Џеф Безос и новинарката Лорен Санчез, по двегодишната свршувачка, се венчаа на малиот остров Сан Џорџо во Венеција.
Прстените ги разменија доодека им пееше италијанецот Матео Бочели.
Венчавката се случи за време на тридневната прослава која звршува вечерва вредна повеќе милиони долари.
Според медиумите невестата се погрижи да се држи до голем број брачни традиции – како што е вклучувањето на многу уникатно „нешто сино“ во нејзиниот свадбен ансамбл.
Санчез беше облечена во раскошен фустан на „Долче и Габана“.Списанието „Вог“, за кое двојката дозволи ексклузивен пристап и беше на неговата насловна страница на јунското издание напиша дека венчаницата била изработена за 900 часа. Инспирирација за изгледот на венчаниата била венчаницата на Софија Лорен во филмот „Брод-куќа“ од 1958 година.
Риалити ѕвезди, актери, членови на кралското семејство и цела низа познати личности од А-листата допатуваа во Венеција на раскошната свадба.Опра Винфри, Орландо Блум, Кајли Џенер, Бил Гејтс, Леонардо Дикаприо, Орландо Блум, Том Брејди, кралицата на Јордан и Иванка Трамп се само дел од познатите личности видени на бродовите и улиците на италијанскиот град во четврток и петок.
Lauren Sánchez is officially Mrs. Bezos —
The newlyweds, Lauren Sánchez & Jeff Bezos, tied the knot on Friday in a breathtaking Italian ceremony that blended old-Hollywood glamour with deeply personal touches. #LaurenSanchez #JeffBezoswedding
Photo: Getty images pic.twitter.com/7HJBG835Oj— FV NEWS (@FVMagNYC) June 27, 2025
Тридневната свеченост кулминира денеска со забава во поранешно средновековно бродоградилиште Арсенале каде што според медиумите, ќе настапат Лејди Гага и Елтон Џон.
Прославите започнаа во четвртокот вечерта во манастирите на „Мадона дел’Орто“, средновековна црква во централниот округ Канареџо, во која се ремек-дела од сликарот Тинторето од 16 век.
-Ова магично место ни подари незаборавни спомени – изјавија невестата и младоженецот во нивната свадбена покана, во која побараа „да нема подароци“ и ветија донации во добротворни цели за три венецијански институции.
Италијанското министерство за туризам вчера соопшти дека спровело студија според која, вкупното економско влијание на свадбата се проценува на 957 милиони евра, вклучувајќи и 896 милиони евра корист од „видливоста во медиумите“. Остатокот би дошол од директни или индиректни трошоци поврзани со настанот, како што се 28,4 милиони евра за трошоци за хотел и локација и 17,6 милиони евра за транспорт и други трошоци за услуги.