СРЕДБА НА ЛИДЕРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН СО ЕВРОКОМЕСАРКАТА КОС Планот за раст е главна тема

На средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. 

191

В понеделник и во вторник во Скопје ќе се одржува лидерска средба ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст на која ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос, информира владината прес служба.

Како што е соопштено, в понеделник ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу премиерот  Христијан Мицкоски и еврокомесарката Марта Кос, по што ќе следи и билатерална средба со проширени делегации.






Во вторник ќе се одржат два панела. Првиот е посветен на Планот за раст на Западен Балкан. На овој панел ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување Кос, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

Вториот панел е биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст и на него ќе учествуваат министри, претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни партнери.

Европската комисија информира дека еврокомесарката Кос ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан за Планот за раст. На средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Поврзани содржини