СЕ ЗАБРАНУВА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ ОД 1 ЈУЛИ ДО 31 АВГУСТ Казната за непочитување на забраната се движи од 1.500 до 2.000 евра

Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми"  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.

96

Поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор владата целосно го забрани движењето во шимите, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Забраната започнува на 1 јули и ќе трае до 31 август.






Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми”  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Поврзани содржини