ШОК ВО РЕАЛ МАДРИД, ВИНИСИУС СÈ УШТЕ НЕ ПОТПИШАЛ Неизвесна е судбината на Бразилецот со „кралевите“
Се очекуваше Винисиус, по завршувањето на Светското клупско првенство во САД, да стане најплатениот играч на „кралскиот клуб“, но работите се закомпликувале и договорот сè уште не е официјализиран.
Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор сè уште не ставил потпис на новиот договор со Реал Мадрид, и покрај најавите дека ќе остане до 2030 година. Шпанските медиуми денеска откриваат дека преговорите меѓу фудбалерот и управата на клубот се во застој, а причината наводно се несогласувања околу условите.
Се очекуваше Винисиус, по завршувањето на Светското клупско првенство во САД, да стане најплатениот играч на „кралскиот клуб“, но работите се закомпликувале и договорот сè уште не е официјализиран.
Фудбалерот кој од 2018 година го носи дресот на Реал, во изминатата сезона забележа 11 голови и 8 асистенции на 30 натпревари во Примера. Навивачите се во исчекување, а некои шпекулираат дека Винисиус би можел дури и да размисли за трансфер доколку не се надминат разликите.