КЛИНИЧКИ ВО ШОК, ВРАБОТЕНА НАПАДНАТА ОД КОЛЕГА Жена од Скопје тврди дека била претепана на работа
Полицијата потврди дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Нова драма се случила во рамки на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што двајца вработени, наместо да се грижат за здравјето на пациентите, завршиле во конфликт кој завршил со физички напад.
Како што информира МВР, вчера во 18:00 часот, во СВР Скопје била поднесена пријава од С.А. (51) од Скопје, која изјавила дека во просториите на Ургентниот центар била физички нападната од својот колега Г.В., исто така вработен во истиот комплекс.
И двајцата се вработени во Клиничкиот центар, а полицијата потврди дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.