НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ НАЈДАТ НА ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ И БЕЗ ПОТПИСИ АКО НЕ СЕ ИЗМЕНИ ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК?! Гаши очекува да се утврди прагот за собрани потписи на задоволство на сите
Доколку не се утврди колку потписи се потребни за кандидатура, можно е да настане хаос со кандидирањето, затоа што според сегашната состојба во законот, независните имаат право да учествуваат, но не се знае со колку потписи, па се создава можност некој да се кандидира и со потпис од само еден граѓанин, па дури и без потписи.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши смета дека Собранието треба да го измени Изборниот законик на начин што ниту еден граѓанин, група избирачи или независен кандидат за градоначалник или за советник нема да биде незадоволен и ќе нема чувство дека постапката за кандидирање е нефер. Тој на денешниот брифинг со новинарите истакна дека очекува пратениците да ги донесат законските измени, но штом независните кандидати и невладините организации не се согласуваат со предложеното решение, рече дека има можност предлогот да се повлече и да се усогласи нов. За да не настане хаос со кандидирањето на претсојните локални избори, можно е Собранието да оди и со автентилно толкување.
Правниот вакуум во Изборниот законик настана откако Уставниот суд на 20 мај ги укина членовите 17 и 18, со кои беше кренат прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. Овие членови предвидуваа дека за кандидатура се потребни потписи од 1 отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица, ако станува збор за парламентарни избори или од конкретната општина, ако станува збор за локални избори. Пред овие измени, беа доволно 1.000 потписи за некој независен кандидат да се најде на избирачкото ливче. По укинуваката одлука на Уставниот суд пратениците се согласија независните кандидати за влез во изборната трка да мора да соберат најмалку 100 и најмногу 3.500 потписи во зависност од бројот на избирачи. Невладините организации, пак, предложија праг од 50 потписи и ја повикаа претседателката Гордана Сиљановска Давкова да не го потпише указот на законските измени, ако бидат изгласани во Собранието. Тие сметаат дека најновото решение не е во духот со препораките на уставните судии.
Но, законските измени заглавија. Општиот претрес заврши и се чека предлогот да буде ставен на гласање на пленарна седница, но засега нема Бадентерово мнозинство.
Доколку не се утврди колку потписи се потребни за кандидатура, можно е да настане хаос со кандидирањето, затоа што според сегашната состојба во законот, независните имаат право да учествуваат, но не се знае со колку потписи, па се создава можност некој да се кандидира и со потпис од само еден граѓанин, па дури и без потписи.
– Јасно е дека ова е комплексно прашање, не очекувајте од мене концизен одговор, не зависи од мене. По одлуката на Уставен суд, пратениките групи во Собранието разговарале за тие препораки и изготвиле ново решение. Јас се видов со преттсавниците на невладините организации и со независните советници, кои не се согласуваат со новото репение. Ова им го посочив на координаторите на пратениките групи, но, тие сметаат дека новото решение е во согласност со препораките на Уставнуот суд – рече претседателот на Собранието.
Ако не се донесат измените на Изборниот законик, додаде Гаши, ќе бидеме во некој правен вакуум.
– Ќе треба да се прави некаква интерпретација, за да одредиме што ќе правиме. Јас ќе настојувам на следната координација да го вратам ова прашање, да најдеме решение кое ќе биде на задоволството на сите. Можно е да одиме и на автентчино толкување. Но, јас би сакал да имаме законско решение. За тоа ќе треба да имаме мнозинство и мал Бадентер. Се очекува овој закон да се донесе. Ако не се донесе, има опција и да се повлече и да се седне да се разговара, за сите страни да се задоволни. Јас би сакал да одиме на локални избори без никакви примедби од кој било граѓанин или група, за никој да не се чусввува дека битката за совеник или градоначалник е нефер – рече Гаши.